Термин 01.05 – 02.05
1 ноќевање / 2 дена / автобуски превоз
Цена: 3750 денари.
Организиран превоз од Виница, Кочани, Штип, Радовиш, Струмица и Гевгелија ( Шимов ).
01.05.2026 год. Поаѓање во раните утрински часови од Македонија и патување кон Лутраки (Пожар). Пристигнување во Лутраќи, сместување во апартмани. Слободно време за посета и користење на минералните топли води на отворено во Лутраки. Организирано факултативно посета на таверна со комплетно мени и музика. Ноќевање.
02.05.2026 год. Слободно време за посета и користење на минералните топли води на отворено во Лутраки. Заминување за Воден, посета на природните убавини на градот познат по изобилството на вода и живописните водопади, слободно време. Заминуваме за Македонија во попладневните часови.
Во цената на аранжманот е вклучено:
-превоз на наведената релација со високо туристички авотбус
-едно ноќевање во апартмани во Лутраки
-посета на Лутраки
-посета на Воден
-организација и водство на патувањето
-туристичка такса за Грција
Во цената на аранжманот не е вклучено:
-користење на топлите минерални води во Лутраки-индивидуално – 3 -5 €
-влезници за културно историските знаменитости
-патничко и здравствено осигурување
-вечера во таверна “Кај Митре” со грчка и македонска музика,
(комплетно мени- салата, главно јадење , пијалок- вода и узо, десерт)-25 €
НАПОМЕНИ:
- За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
- Т.А. Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.
- Т.А Авто Атом го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, временски услови.
- Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
- За реализација на овој аранжман потребни се минимум 35 патници, и важат општите услови на патување на Т.А .Авто Атом.
- Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
- Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво кога е направена резервацијата и периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место. - Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Авто Атом.

Leave a Reply