МАНАСТИР ТУМАНЕ – ГОЛУБАЧКА ТВРДИНА – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ

Термин: 11.10-13.10.2024

Цена 4390 денари

1 ден (петок) 11.10.2024 КОЧАНИ – ТУМАНЕ

Состанок на групата во 22:45 часот на автобуска станица во Кочани. Поаѓање во 23:00 часот кон Србија (ноќно возење) со попатни паузи за царински формалности и одмор. 

2 ден (сабота) 12.10.2024 ТУМАНЕ – ГОЛУБАЦ – СРЕБРЕНО ЕЗЕРО

Пристигнување во Манастирот Тумане во раните утрински часови. Манастирот е познат по чудотворните мошти на Свети Зосим, Свети Јаков, Свети Нектариј Егински, чудотворната икона на Света Богородица, испосницата на Свети Зосим и водопадот во негова близина.


Од манастирот Тумане, заминуваме пешки кон испосницата во која живеел Свети Зосим. Покрај испосницата извира лековита вода од која патниците може да си понесат за здравје. Се враќеме пешки кај манастирот Тумане.


Се упатуваме кон средновековна тврдина Голубац споменик на културата со големо значење. Се наоѓа во националниот парк Ѓердап на десната страна на Дунав. Тврдината целосно е обновена и свечено отворена на 29.04.2019 година, а составена е од три дела, има вкупно 9 кули и две големи колски капии.

По посетата на тврдината се упатуваме кон Сребрено езеро. Се сместуваме во Хотел Сребрено Езеро лоциран на самото езеро. Време за користење на спа центарот во хотелот (базен со солена вода и температура на водата од 33 степени, сауна, солена соба, топли клупи, парна бања), индивидуални прошетки и забава во локалните барови и ресторанти. Ноќевање во хотелот.

3 ден (недела) 13.10.2024 СРЕБРЕНО ЕЗЕРО – НИШ – КОЧАНИ

Доручек. Напуштање на хотелот. Го посетуваме третиот најголем град во Србија – Ниш. Посета на тврдината во Ниш, плоштадот крал Милан, трговскиот центар Форум и Казанџиското сокаче (боемскиот дел од градот со кафеани и кафетерии). Време за ручек, шопинг и индивидуални прошетки.

По посетата на Ниш се упатуваме кон Кочани со попатни паузи царински формалности. Пристигнување во Кочани во вечерните часови.

МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА СО НЕПРОМЕНЕТА ЛИЧНА КАРТА

Во цената е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус од висока класа на релација:

Кочани – Тумане – Голубачка Тврдина – Сребрено езеро – Ниш – Кочани

  • Едно ноќевање со појадок (шветскa маса) во Хотел Сребрено езеро
  • Користење на Спа центар во времетраење од 2 часа (базен, сауна, солена соба, топли клупи, парна бања).
  • Лиценциран придружник на целото патување

Цената не вклучува:

  • Влезница во Голубачка Тврдина 7 евра
  • Индивидуални трошоци и трошоци кои не се наведени во програмата
  • Туристичка такса 1 евро

За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.

За овој аранжман важат општите услови за патување на Т.А. Авто Атом.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *