ЦЕНА: 1500 денари
Организиран превоз од:
Виница, Кочани, Штип, Свети Николе и Куманово.
Програма за патување:
Состанок на групата на автобуска станица во Кочани. Попатно застануваме во Штип, Свети Николе и Куманово. Патуваме преку граничен премин Табановце.
Предвидено престигнување во манастир Џунис е 8 часот. Задржување околу 2 часа.
Се упатуваме кон манастир Свети Роман. Престојуваме во манастирот околу 2 часа.
По напуштањето на манастирот се упатуваме кон Ниш. Слободно индивидуално време за прошетка во центарот на Ниш, тврдината, казанџиското сокаче, шопинг во Forum Mall и околните продавници.
Во 17:00 часот се упатуваме кон Македонија.
Манастирот Џунис е женски манастир во нишката епархија. Се наоѓа во истоименото село Џунис, на подрачјето од градот Крушевац. Црквата што се наоѓа во манастирот се вика Покровита Пресвета Богородица. Настанокот на манастирот Џунис е поврзан со дамнешно предание за појавувањето на Мајката Божја и изворот на светата вода на местото на кое подоцна селаните ќе подигнат манастир.
Преданието за чудотворната вода од манастирот Џунис потекнува од 1898 година. Во него се вели дека Богородица и’ се прикажала на 13-годишно девојче, пред кое тогаш се отворило извор. Мајката Божја го благословила и прорекла дека ќе лекува болни. Мајката Божја му рекла на девојчето да им пренесе на селаните на тоа место да подигнат црква. На 14 октомври кога се слави празникот на Богородица. На ова место се собираат и по неколку илјади верници кои присуствуваат на бдеењето и утринската литургија.
Чудесните исцелувања на изворската вода од манастирот Џунис направиле вистинко место за аџилак. Мештаните од околните села прераскажуваат дека многу неподвижни откако се напиле од изворот покрај црквата, прооделе, слепите прогледале, а немите прозбореле.
Манастирот Свети Роман се наоѓа на десниот брег на Јужна Морава кај селото Џунис. Манастирот го добил името по свети Роман, ученик на свети Климент, кој во втората половина на 9 век, заедно со свети Нестор, го ширел христијанството меѓу луѓето од овој крај. Манастирот е познат по тоа што тука како монах живеел Свети Роман кој подоцна е прогласен за светец, па затоа манастирот е именуван по него. Неговите свети мошти се наоѓаат во манастирската црква. Тој е почитуван како чудотворец и исцелител.
Ниш – еден од најстарите градови на Балканот и трет по големина во Србија, во себе носи многубројни историски, културни и архитектонски тајни. Белград е можеби метрополата симбол на космополитизмот, но Ниш дефинитивно е душата на Србија. Познат е по издржливоста, меракот, необичниот хумор, а неговите жители по ведриот дух и оптимизмот. Од Келтите до Србите, во патеписите е опишан како капија меѓу истокот и западот. На брегот на реката Нишава, одмора градот кој во себе крие многу мрачна историја од основањето, преку средновековието и турското ропство, па сѐ до нацистичкиот период и во поново време, бомбардирањето на државата. Сепак, градот останува симбол на добрата храна, преполните кафеани и легендарното гостопримство по кое нишлиите се препознатливи.

Leave a Reply