НОВА ГОДИНА ВО ИСТАНБУЛ СО 2/3 НОЌЕВАЊА ВИЕ БИРАТЕ

ПРОМО ЦЕНА 159 еур / 9860ден (за уплата до 10.12.2025)

Редовна цена: 189еур/ 11 720ден

Опис

Истанбул е збир од знаменитости и музеи, звуци од галеби и улични продавачи, вкусови на традиционална храна. Истанбул е историја! Истовремено и најдобар пример за разликата меѓу сјајот и бедата на еден град, на една цивилизација.

1 ден 30.12.2025
Поаѓање во попладневните часови од Кочани (организирани трансфер од Скопје, Велес, Св.Николе, Штип, Виница, М.Каменица, Делчево).
Ноќно патување преку Бугарија со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 31.12.2025
Пристигнување во Истанбул во раните утрински часови и по можност сместување во хотелот. Средба на групата со локален водич пред хотел.  Програмата започнува со панорамска обиколка на Истанбул .Обиколката е првото запознавање на градот со локален водич, кој ќе го представи градот и неговата историја професионално. Се упатуваме до историскиот центар Султанахмет.  Разгледување на знаменитостите на  плоштадот (хиподром, Аја Софија, Сина Џамија, Хурем Султан Хамам, дворецот на Ибрахим Паша, Германската чешма).Слободно време за индивидуални активности. Можност за посета на Капали чаршија, еден од најголемите и најстари затворени пазари во светот со 61 покриена улица и над 3000 продавници. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Навечер се упатуваме кон најпознатиот плоштад во Истанбул – Таксим каде што ќе ја дочекате новогодишната ноќ. Потоа се упатуваме кон хотел. Ноќевање.

3 ден 01.01.2026

ОТКРИЈ ЈА АЗИСКАТА СТРАНА НА ИСТАНБУЛ

Појадок. Се упатуваме кон Азиската страна на Истанбул. Посета на Ускудар. Ускудар е област која се наоѓа на азискиот брег на Босфор,веднаш преку Бешикташ. Ускудар е познат по прекрасното крајбрежје, Моминската кула, , шумичката Фети-паша, историските места како и џамиите од 16 век… Во овој дел од градот ќе ги доживеете убавините на градот како вистинските жители на Истанбул. Овде ќе имате можност да уживате покрај брегот на седејки на разнобојните килими пиејќи чај.Слободно време прошетка покрај брегот.. Можност за посета и на Момината Кула (Kiz Kulesi), слободно време за кафе.. Потоа се упатуваме кон Mall Watergarden İstanbul (Распеани фонтани) и најновиот трговски центар Emaar. Mall Watergarden İstanbul – каде ќе го гледаме светлосното шоу на распеаните фонтани. Исклучителна кореографија на вода, светлина, ласерски ефекти и музичко шоу. Базенот се наоѓа на површина од 5 илјади квадратни метри во срцето на Watergarden Istanbul и се смета за „најголемиот“ базен во Европа. По посетата на Вотергарден Мол, продолжуваме до најновиот трговски центар Емаар во Истанбул.Ќе имате можност да купувате во продавниците на некои од светски познатите брендови, а исто така и на многу локални брендови, како што се Hugo Boss, Guess, Gucci, Hermes, Lc Waikiki, Victoria’s Secret, Zara, Kemal Tanca, Hotic, Altinbas и други. Дочек на втора новогодишна вечер –  специјална вечера на брод по Босфор со целосно мени (предјадење, избор од 3 видови на главно јадење, десерт), пијалоци. Шоу програма со фолклорни ансамбли, танчерки, DJ.За време на крстарњето ке имате можност да уќивате во погледот кон мостовите на Босфот кои навечер ги менуваат боите. Потоа се враќаме во хотел и ноќевање.

4 ден 02.01.2026
Појадок. Факултативна посета на Принцеските Острови со брод. Тргнување со брод од пристаништето. Се плови преку Мраморното Море до Островот на принцовите пловидбата трае околу 1,45 час. (– архипелаг од 9 острови кои се наоѓаат во северозападниот дел на Мраморно море, а југоисточно од Истанбул. Опфаќаат површина од 10 km². На островите живеат околу 15.000 луѓе, а во летниот период овој број е многу поголем. Пристапот до островите е многу едноставен, главно поради честите бродови кои минуваат покрај секој остров. На самите острови е забранета употреба на моторни возила. На островите се наоѓаат неколку манастири, академијата за турската воена морнарица…Островите биле голема туристичка атракција уште во времето на Византија.Најголемиот од нив е Бујук Ада – тоа е островот што е посетен за време на екскурзијата. На островот постојат мини електрични автобуси со кои можете да ги видите сите убавини во една обиколка. Обиколката на островот трае 30 мин. Исто така можете да изнајмите некој од прекрасните велосипеди накитени со многу разнобојни цвеќиња и да ја доживеете маѓијата на островот на посебен начин. Прекрасните рибни ресторанти покрај морето се вистинско уживање за сите туристи. Потоа се упатуваме кон Египетски пазар 1 час слободно време. Слободно време за разлгед на најстариот пазар за намирници, баклави, локуми, маслинки, украси за домакинство, зачини, јаткастки плодови, сувенири.Враќање во хотелот.Ноќевање.

 5 ден 03.01.2026
Појадок. По појадокот одјавување од хотел и тргнување кон Македонија со попатна посета на најразновидниот аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. Слободно време за ручек. Мал одмор и тргнување кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните/ утринските часови.

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Три ноќевања со појадок во хотел 3*/ 4* во близина на Капали чаршија
  • Придружник на патувањето
  •  ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО
  • Панорамна обиколка со водич, плоштад Султанахмет, Капали Чаршија – 25 еур
  • Принцески острови со брод + Египетски Пазар – 45 еур
  • Азија (целодневна) – 35 еур
  • Аквариум Florya – 30  еур
  • Турска традиционална вечера на брод по Босфор (одделно од пакетот) – 50€
  • Таксим плоштад – 15евра
  • ПАКЕТ ЕКСКУРЗИИ – 180 еур – попуст (20 еур)
    *екскурзиите може да се комбинираат по сопствен избор
    *деца до 10 год. – 30% попуст
  • Патничко осигурување
    • НАПОМЕНА: Патувањето е од туристички карактер – минимум 2 екскрузии по избор се ЗАДОЛЖИТЕЛНИ!
    • ДОПЛАТА ЗА СИНГЛ СОБА 50е
  • НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
    Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
  • УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
    • Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
    • Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
    • Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
    • Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
    • Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
    • Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
    • Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
    • Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
    • Агенцијата не сносува одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ или Турција.

За ова патување важат општите услови на Т.А АВТО АТОМ.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *