Опис
Термин: 30.12 – 03.01.2025
3 ноќевања со појадок и вечера – промотивна цена 299евра ( 18.540ден) до 01.12.
Редовна цена: 350евра (21 700)
Прв ден 29.12 спроти 30.12.2025 вторник
Tргнување во вечерните часови 01:30 часот. Ноќно патување преку граничен премин Делчево.
Сместување во хотел во 14:00 часот локално време. Слободно време за спа центарот во хотелот. Вечера. Ноќна факултатива – град Силиври (Силиври, порано Селимбрија, е општина и област во провинцијата Истанбул,Лежи покрај Мраморното Море, надвор од урбаното јадро на Истанбул, и содржи многу куќи за одмор и викенди за жителите на градот со прекрасна ривиера. Потоа се упатуваме кон посета на трговскиот центар Вега. Слободно време во трговскиот центар 2 часа. Потоа се враќаме во хотел. Ноќевање.
Втор ден 31.12.2025 среда
Појадок. После појадокот следува факултатива полудневна тура до Истанбул се упатуваме кон најпознатата Православна Црква Свети Стефан (Православната црква, позната и како Железна црква, се наоѓа покрај брегот на Златниот Рог. Железните одлеаноци на црквата се изработувале во Виена, а камбанаријата била подарок од Русија. Потоа се упатуваме кон најпознатиот квартал Балат – шарените улички во кој што се снимени многу турски серии.Неговите историски градби и разновидните архитектонски убавини ви го даваат ова чувство веднаш штом ќе поминете низ уличките во Балат. По договореното време се упатуваме кон најпознатата џамија Чамлиџа , слободно време за кафе и разглед на околината. Потоа се упатуваме кон аквариум Florya кој нуди разглед на разнобојни видови морски животни, можност да видете поларна област со пингвини и амазонска област со прашума.Во склоп на аквариумот има шопинг центар кој има продавници од секаква категорија. Покрај аквариумот и шопинг центарот има прекрасно крајбрежје со прометно шеталиште покрај морето. По завршената прошетка се враќаме во хотелот. Дочек на новата 2026 година во хотелот со вклучена вечера,DJ, неограничени алкохолни и безалкохолни пијалоци.
Трет ден 01.01.2026 четврток
Појадок. После појадокот се упатуваме кон факултатива посетување на трговскиот центар Venezia во Истанбул. Слободно време за прошетка и разглед. После прошетката се враќаме во Кумбургаз. Вечера во хотел.Ноќевање.
Четврт ден 02.01.2026 петок
Појадок. Во 08:00 часот наутро тргнуваме кон градот Едрене. Застануваме пред граница реон кај градот Едрене во маркет (30 минути пауза) . И си тргнуваме за Македонија. Враќањето е во вечерните часови зависи од гужва и царински формалности на граница.
Во цената е вклучено:
*Превоз со високотуристички автобус на наведената релација
*3 ноќевања со појадокот во Mercia 4 Hotels & Resorts*
*2 стандарни вечери во хотелот Mercia 4 Hotels & Resorts*
*1 новогодишна вечера во ресторантот на хотелот
*Користење на спа центарот во хотелот
*Преставник од туристичката агенција
Во цената не е вклучено:
*Трговски центар Венеција во Истанбул – 10евра, за дете до 10 год – 8 евра.
*Ноќна тура до градот Силиври и трговски центар Вега – 10 евра, за дете до 10 год – 8евра.
*Полудневна тура со посета на Православна Црква,Балат,Чамлиџа 30евра , за дете до 10 години – 25евра.
*Аквариум Флора – влезница 30евра, за дете до 10 години -25евра.
ЗА ДЕЦА ОД 0 ДО 5 ГОДИНИ -50ЕВРА
ЗА ДЕЦА ОД 5 ДО 11.99 ГОДИНИ – 150ЕВРА
НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:
Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.
УПАТСТВА И НАПОМЕНИ:
Ве молиме внимателно да ги прочитате општите услови за патување на организаторот.
Земете предвид дека поради државни или верски празници на одредена дестинација на одредени локалитети или трговски центри, продавници и ресторани, музеи можно е да не работат, па постои можност да се смени редоследот на одредени содржини во програмата.
Сите патници кои се државјани на Република Македонија и имаат биометриски пасоши во земјите потписници на Шенгенскиот договор можат да патуваат без виза во согласност со одлуката на Советот на Министри во ЕУ.
Пасошот мора да има задолжителна важност од минимум 6 месеци од датумот на завршувањето на аранжманот.
Агенцијата е должна до два дена пред тргнување да ги извести патниците за часот и местото на тргнување.
Во хотелите се влегува на првиот ден од престојот од 14 часот. Организаторот не може да влијае на сместувањето во хотелот. Распределбата на собите се врши на рецепција по пристигнувањето.
Рокот за пријава зависи од слободните места и брзината на пополнувањето на истите.
Во случај на нереализација на патувањето- средствата се враќаат целосно на патниците.
Агенцијата не сноси одговорност во случај пограничните власти да му оневозможат на патникот да влезе во територијата на ЕУ и земји надвор од ЕУ.
Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
Огранизиран превоз за повеќе од 8 лица од Скопје,Велес,Св Николе,Штип,Струмица,Радовиш
Кочани,Виница,Каменица,Делчево.
Важат општите услови за патување на Т.А. АВТО АТОМ.

Leave a Reply