Хотел Кронос се наоѓа на 120 м од прекрасната песочна плажа во централниот дел на Паралиа. Располага со 1/2 (двокреветно студиа) 1/3 (трокреветно студиа) како и 2+2 апартмани со две посебни спални и две купатила.
Хотелот е целосно покриен со бесплатен бежичен интернет.
Секој апартман е комплетно опремен со: кујна со комплетен прибор која се
наоѓа во една од спалните, гардеробер, тоалет со туш кабина, ТВ и широки балкони.

НАПОМЕНА
- Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз и без превоз
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд
- При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа
– Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла.
Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни – БЕСПЛАТНО (доплата на превоз 35е)
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време)
– Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;
– Превоз од: Делчево/ М.Каменица/ Виница/ Кочани/ Штип/ Св. Николе/ Велес/ Неготино/ Гевгелија
- Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТЕН !!
- клима – 5евра (на ден)
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- 3 и 4 лице доплаќаат само превоз
– За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 5% попуст на вториот термин
– За аранжманите за 7 ноќи/8 дена, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице
– Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште)
- Доплата за туристичка такса 1€ по лице од ноќ (се плаќа при резервација во агенција)

Leave a Reply