(Урошевац – најефтиниот град за шопинг во Косово)
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 850 денари
Приштина е главен и најголем град во Косово. Градот е културен,
административен и политички центар на земјата, но исто така и
центар на истоимената област. Градот има 145.149 жители, а
општината Приштина има 198.897 жители. Приштина се наоѓа во
северниот дел на Косовската Котлина, под планината Грмије.
Градот има добра географска положба, бидејќи лежи на раскрсница
меѓу важни патишта кои водат до Скопје, Призрен, Албанија и Црна
Гора.
ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз на наведена локација
- Лиценциран туристички придружник за време на патувањето
План на патувањето:
Состанок на групата во 05:50 часот на автобуската станица во Кочани. Се патува преку граничен премин Блаце. Пристигнување во Урошевац во утринските часови.
Посета на ТЕ-ЛИРИДОНИ – голема продавница се за 1 евро и Outlet центар. Во одредено време се упатуваме кон RING MALL и Бутик ЛЕНТИ. Исто, во одредено време продолжуваме до новиот шопинг центар во Приштина – PRISHTINA MALL, најголемиот мол на Балканот, со повеќе од 300 продавници. Слободно индивидуално време за шопинг. Има капацитет да ги задоволи најразличните желби на купувачите, па затоа никогаш нема да погрешите ако го посетите. Поаѓање кон Македонија во 16:30 часот.

Leave a Reply