ЉУБЉАНА СО БЛЕД, ВИЛАХ И ПЛИТВИЧКИ ЕЗЕРА ЗА 01- МАЈ

Опис

Љубљана е главниот град на Словенија и еден од најшармантните мали европски градови. Сместена е покрај реката Љубљаница, чии брегови се украсени со кафулиња, мостови и шеталишта полни со живот. Градот е познат по Љубљанскиот замок кој се издига над старото градско јадро и нуди прекрасен поглед на околината. Архитектурата на Љубљана спојува барок, сецесија и модерен стил, а голем печат оставил архитектот Јоже Плечник.

Tермин: 30.04 – 03.05.2026

ПРОМОТИВНА ЦЕНA – 159евра – 9860 ден

9823d3386dd593afff9c4c93b04c093e
« of 5 »

Прв ден: 30.04 (четврток) Тргнување околу попладневните часови од Македонија преку Србија, возење со попатни одмори, ноќно возење.

Втор ден: 01.05 (петок) Пристигнување во Љубљана. Прошетка со локален водич низ Љубљана низ центарот на градот –   Тромостовје🐉 Змејски мост 🏛 Прешернов плоштад. Потоа слободно индивидуално време за кафе и одмор низ центарот на Љубљана. Потоа гратис од агенцијата носење во БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР.  По договореното време се сместуваме во хотел. Слободно време. Ноќевање.

 БЛЕД СО ВИЛАХ

Трет ден: 02.05 (сабота)  Појадок. После појадокот се упатуваме кон Блед е едно од најпознатите и најромантични места во Словенија. Бледското Езеро со кристално чиста вода и малото островче во средината создаваат неверојатна глетка.  Над езерото се издига Бледскиот замок, од каде се отвора прекрасен поглед кон езерото и Алпите. Прошетката околу езерото е лесна и пријатна, а Блед е познат и по својата прочуена бледска крем пита. Посета на Бледското Езеро, прошетка околу езерото, пауза за кафе или ручек.Потоа се упатуваме кон Вилах. Вилах е прекрасен град во јужна Австрија, сместен во покраината Каринтија, во близина на границите со Италија и Словенија.Познат е по својата опуштена атмосфера, чисти улици и уредени плоштади. Стариот дел на градот е вистинско уживање за прошетка – со шарени фасади, мали кафулиња и традиционални ресторани каде што може да се почувствува австрискиот дух. Враќање во Љубљана. Ноќевање.

Четврт ден: 03.05 ( недела) Појадок во раните утрински часови. По појадок и одјавување од хотелот, поаѓање кон Плитвичките Езера во Хрватска. Плитвичките Езера се најпознатиот национален парк во Хрватска и се под заштита на УНЕСКО. Паркот се состои од 16 езера поврзани со водопади, опкружени со густи шуми и недопрена природа. Дрвените патеки овозможуваат лесна прошетка низ паркот и уживање во природните убавини без голем напор. Водата е со неверојатни нијанси на сино и зелено, кои се менуваат во зависност од светлината и годишното време. Посетата на Плитвичките Езера е вистинско доживување и едно од најубавите природни чуда на Балканот. Разгледување на националниот парк со лесни пешачки патеки и паузи за одмор. По посетата, продолжување на патот назад кон Македонија. Враќање во Македонија во раните утрински часови веќе 04.05.

Во цената на аранжманот е вклучено:

-автобуски превоз на дадената релација

-сместување во хотел со 3*на база 2 ноќевања со појадок во Љубљана или околината на Љубљана

-разгледување на Љубљана со локален водич

-придружник на групата

-посета на БТЦ ТРГОВСКИ ЦЕНТАР

Во цената на аранжманот не е вклучено:

-здравствено патничко осигурување (320 ден)

-посета на Блед и Вилах   – 35евра

-посета на Плитвичките езера ( задолжителна факултатива) 35евра

Сите патници кои ќе одат на оваа програма мора задолжително да ја платат оваа факултатива – без исклучок

Можно е да има промени на цената за Плитвички Езера со оглед на влезницата – ако има покачувања ќе бидете известени.

-туристичка такса за сместување во Љубљана 5е за двете ноќевања –задолжително

-влезници за културно историските споменици

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: МОЖНО Е ВОВЕДУВАЊЕ НА ГРАНИЧНА ТАКСА ЗА ВЛЕЗ ВО ЕВРОПСКА УНИЈА 20ЕВРА. Ова не е поврзано со туристичката агенција. Плаќањето се врши на граничен премин.Еднаш платената такса од 20 евра ќе важи три години или до истекот на пасошот. Со ЕТИАС ќе се дозволи вкупен престој до 90 дена во период од 180 дена.

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за доплата по сосптвен избор на седиште – 20 еур.

Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.

Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.

За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.

За овој програм важат Опшите Услови на патување на Либеро Травел.

Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд

Т.А.Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.

Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.

Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!

Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца.

Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Авто Атом.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *