8ми Март  – Денска забава со жива музика и свечен ручек во комплекс Лебедово Езеро !

Запознајте се со  Лебедово Езеро – каде што кулинарските задоволства се среќаваат со крајната релаксација! Потопете се во светот на вкусови во  исклучителниот  ресторан, каде секое јадење е направено со страст и креативност.

Местоположбата е лесно пристапна за сите посетители и љубители на природата и вкусната храна. На само 2 км. од Комплексот во падините на Беласица се наога познатиот Смоларски водопад кој е доста посетен како и Колешинските и Габровските водопади. Беласица плени со сите свои убавини и висока е 2030м. надморска височина. Изобилува со многу вода, шума, аронија, боровинка, див лук, здравец, папрат, орев, дива јагода, капина и познатиот смоларски костен поради кој секоја година се одрзува костенијада.

Прекрасен амбиент со чист воздух и недопрена природа на Беласица, надополнета со  традиционална храна и специјалитети од скара, фурна, салати и десерти направени со многу љубов.

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Организиран превоз од : Виница, Кочани, Штип и Радовиш
  • Посета на Струмица
  • Разглед на Комплекс Лебедово Езеро
  • Свечен ручек со жива музика

(Сезонска салата, ордевер, телешко фрикандо во сос и пилешки бел стек со гарнир ориз,леб,вода 0.33мл и десерт – торта )


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *