8ми МАРТ – ПРОЛОМ БАЊА

1 ден 08.03.2024 (петок) КОЧАНИ – ПРОЛОМ БАЊА: Состанок на групата во 05:15 часот кај судот во Кочани. Поаѓање за Србија во 05:30 часот. Попатно, преземање на патниците од Штип, Велес, Скопје… Се патува преку граничниот премин Табановце. Пристигнување во Пролом Бања, во попладневните часови. Сместување во Гаретов конак. Ручек. Краток одмор и слободно време за индивидуални активности. Можност за користење на затворениот базен со лековитата Пролом вода. Вечера. Ноќевање.

2 ден 09.03.2024 (сабота) ПРОЛОМ БАЊА: Појадок. Заминување на организиран излет до местото Ѓавола Варош, споменик на природата со кој се врзани повеќе легенди кои ја будат фантазијата на секој посетител. Ручек во Гаретов конак. Слободни активности, користење на услугите на Wellness центарот. Навечер, прослава на денот на жената со вечера со жива музика. Ноќевање.

3 ден 10.03.2024 (недела) ПРОЛОМ БАЊА– КОЧАНИ: Појадок. По појадокот посета на црквата Лазарица, единствената црква – брвнара во овој крај каде што Цар Лазар ја причестил својата војска пред Косовската битка. Поаѓање за Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7750 денари за уплата до 25 Јануари

РЕДОВНА ЦЕНА : 8990 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз на дадената релација со високотуристички автобус
  • Сместување во Гаретов конак на база 2 полни пансиона Свечена 8 мо мартовска вечера на 08.03.2024 со жива музика
  • Туристички пратител за време на патувањето од агенцијата
  • Користење на услугите кои ги нуди Wellness центарот
  • Турстичка такса

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Здравствено патничко осигурување
  • Индивидуални трошоци

Напомена:

  • За ова патување потребно e да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек, или валидна лична карта
  • За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патнициЗа резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од 30%, доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање
  • Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција
  • Цените се дадени по лице за најмалку 2 лица во соба
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите
  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патувањеСо оваа програма важат општите услови на патување на ТА Авто Атом – Кочани

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *