Alkmene Studios – Остров Скијатос 2026

На овој остров ќе ги најдете најдобрите песочни плажи, најуникатните кафулиња и барови, како и најдобрите таверни каде се подготвува свежа морска храна.
Скијатос е навистина рај на земјата, со бујни борови шуми и кристално чисти лазурни води. И покрај брзиот раст на туризмот тука во последните децении, тој остров е сè уште живописен и недопрен и благословен со повеќе од 60 прекрасно чисти плажи.

Дефинитивно Скијатос е еден од најубавите острови во Егејското Море.  Бродските тури околу Скијатос, како и оние што одат до соседниот остров Скопелос, ќе Ви овозможат да го истражите и доживеете овој осторв во целост. Плажата Лаларија нека биде прва на листата од места кои мора да ги посетите.  Најголем дел од брегот во должина од 44 километри е прекриен со раскошни плажи.

Британскиот весник Тајмс неодамна ја објави својата листа на „15 најдобри грчки острови за посета во 2024 година“, на која Скијатос го обезбеди првото место со своите плажи што мора да се посетат.

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на  Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 200 метри. Автобуската станица  до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios(цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот
  •  

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
Патничко осигурување
Факултативни излети
Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

План и програма

Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

Alkmene Studios

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на  Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 200 метри. Автобуската станица  до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред. Вилата располага со двокреветни студиа со два единечни или еден брачен кревет.

ТЕРМИНРЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
21.05.2026-28.05.2026132e
28.05.2026-04.06.2026150e
04.06.2026-11.06.2026174e
11.06.2026-18.06.2026198e
18.06.2026-25.06.2026222e
25.06.2026-02.07.2026239e
02.07.2026-09.07.2026263e
09.07.2026-16.07.2026299e
16.07.2026-23.07.2026299e
23.07.2026-30.07.2026299e
30.07.2026-06.08.2026299e
06.08.2026-13.08.2026299e
13.08.2026-20.08.2026299e
20.08.2026-27.08.2026299e
27.08.2026-03.09.2026239e
03.09.2026-10.09.2026215e
10.09.2026-17.09.2026179e
17.09.2026-24.09.2026155e
24.09.2026-01.10.2026131e

Важно

  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 10,5е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а Ескејп травел  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Локација од сместувањето: 39°09’53.9″N 23°29’07.9″E


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *