CASA KARINA 4*

Хотелот Casa Karina 4* се наоѓа на само 100 m од главната станица на гондола-лифтот во Банско. Во сите сезони од годината, Casa Karina 4* на своите гости им обезбедува мир и удобност, професионална услуга, вкусна храна и широк спектар на дополнителни услуги.

Хотелот Casa Karina има на располагање: 24-часовна рецепција; Лоби бар – простран, модерен и стилски опремен; Луксузен ресторан – нуди разновидна кујна и одбрани пијалоци; СПА центар – достапен за сите гости со голем загреан внатрешен базен со француски прозорци, кој открива неверојатен поглед кон планината Пирин и прекрасниот внатрешен двор на хотелот; сауна; парна бања; амам; фитнес; солариум и широк спектар на масажи; Две конференциски сали – погодни за семинари, обуки, корпоративни настани, коктели, приватни забави. Салите се со капацитет од 150 седишта и се опремени со мултимедија, квалитетен звук и интернет; Детско катче – пространо и пријатно, на најмладите гости им нуди многу можности за игри, забава и нови пријателства; Уреден двор – во текот на летните месеци обезбедува одлични услови за дневно сончање и свежина за време на топлите вечери; Ски гардероба; Билјард; Електронски игри; Петанка; Подземен паркинг; Брз безжичен интернет низ целиот комплекс.

Бонуси: 7=6 за престој од 04.01 – 31.03.2026

Во цената е вклучено : полупансион по лице на ден, користење на внатрешен базен, сауна, парна бања, џакузи, детско катче, фитнес, интернет, паркинг.

Попусти и доплати:

Дете до 3,99 год – бесплатно

Доплата за Новогодишна вечера (задолжително) 160€ – возрасен, 80€ – дете од – 11,99 г.
Подземен паркинг – 8€ на ден, се плаќа на рецепција
Бањарка се доплаќа 2.6 евра за цел престој со депозит 15 евра, се плаќа на рецепција
Baby cot се доплаќа 2,6 евра на ден

Капацитет на сместување:
Двокреветна соба – 2 возрасни и 2 деца до 11.99г, 3 возрасни
Студио LUX –  2 возрасни и 2 деца до 11.99г, 3 возрасни
Едноспален апартман / Едноспален апартман LUX – 2 возрасни и 2 деца до 11.99г, 3 возрасни
Двоспален апартман – 4 возрасни и 2 деца до 11.99г, 5 возрасни

Во цените не е вклучено : патничко осигурување и туристичка тaкса 1€ по лице на ден
Цените се дадени во евра, плаќање во денарска противвредност 1€ = 62,00 мкд

ВАЖАТ ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ТА АВТО АТОМ


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *