Пролетен Белград и манастир Тумане

Пролетен Белград и манастир Тумане

Термин:  18.04 – 19.04

1 ноќевање со појадок / 2 дена / автобуски превоз

Цена: 90   / 5580 ден

Организиран превоз од Виница, Кочани, Штип, Св. Николе и Куманово.

Прв ден –  18.04.2026 (сабота)

Состанок на групата  во Кочани на автобуска во договорено време  и  тргнување за Белград во 02:00 часот. Попатно земање на патниците од Штип, Св. Николе и Куманово. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности.

Планирано пристигнување во Белград околу 9-10 часот. Посета на шопинг центар Галерија или слободно време за разглед и прошетка по “Белград на вода”.Продолжуваме кон центарот на Белград. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње. Слободно време по Кнез Михајлова. Сместување во хотел во вечерните часови. Слободно време за индивидуални активности. Ноќевање.

Втор ден – 19.04.2026 (недела)

Појадок во хотелот. Состанок на групата и посета на Храм Св. Сава. Во договорено време тргнуваме кон Манастир Тумане.

Манастирот Тумане се наоѓа на девет километри оддалеченост од Голубац, во подножјето на планината Голубац, опкружен со шума, на левиот брег на реката Туманска, што му дава посебна убавина на светилиштето. Пет века по упокојувањето Преподобниот Зосим, ​​јасно е зошто светиот подвижник го избрал токму ова место за својот осамен и молитвен живот, скриено од луѓето и потполно погодно за молитвена тишина. Амбиенталната убавина, духовниот мир и присуството на светињите, ја прават вредноста на манастирот Тумане, како на духовен, така и на културно-историски план. После посетата на Манастирот, се враќаме кон Македонија. Пристигнување во Македонија во вечерните часови.

 Во цената е вклучено :

  • Превоз на дадената релација
  • Лицензиран придружник на патувањето
  • Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во центарот на Белград – хотел Мона Плаза https://www.monaplaza.com/rs/o-hotelu
  • Посета на трговскиот центар „Галерија“ и Белград на Вода
  • Посета на Храм Св.Сава
  • Посета на Манастирот Тумане

       Во цената не е вклучено

  • Патничко осигурување

НАПОМЕНИ:

  • За резервации потребен е аванс од 30% од вкупниот износ на аранжманот.
  • Т.А. Авто Атом го задржува правото да го откаже во целост аранжманот 7 дена пред поаѓање.
  • Т.А Авто Атом го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени причини, како на пример: застој на граница, застој во сообраќајот, временски услови.
  • Плаќањето ќе се врши во денари по курс од 62 мкд за 1€.
  • За реализација на овој аранжман потребни се минимум 35 патници, и важат општите услови на патување на СКТМ и ТА Авто Атом.
  • Во хотелот се влегува после 14 часот.
  • Агенцијата го задржува правото да направи измена во програмата на патувањето (редоследот поради непредвидени околности)

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

  • Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво кога е направена резервацијата и периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Агенцијата ги задржува правата за измени на реализацијата на аранжманот ако условите тоа не го дозволуваат.
    Времињата кои што се напишани во програмата се од туристички карактер и истите може да се променат зависно од условите на лице место.
  • Со оваа програма важат Општите услови на Т.А. Авто Атом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *