БЕЛГРАД-8 МИ МАРТ

Најголемиот и главниот град на Србија – Белград, носи во себе еден посебен шарм на град кој се има преродено од сопствената пепел. Удобно лоциран на местото каде се вкрстуваат реките Дунав и Сава, овој град лесно ќе се вреже во меморијата и душата на секој патник.

Цена: 89€ / 5 520 мкд.
09.03.-10.03.2024

План на патување:

ПРОГРАМА:
15.03.2024.  (Сабота) МАКЕДОНИЈА-БЕЛГРАД
Состанок на групата по договорено време. Тргнување за Белград во 00.30 часот од  Кочани.  Попатно земање на патниците од Штип, Велес, Скопје и Куманово.. Ноќно патување со попатни паузи за одмор и царински формалности. Пристигнување во Белград во предпладневните часови. Панорамско разгледување на градот со локален водич: Парламентот, Народниот Театар, Храмот Св. Сава, Теразије, Славија, Калемегдан, Кнез Михајлова улица, Мостовите на Сава, Дедиње… Се упатуваме и сместуваме во хотелот во попладневните часови. Слободно време. Препорачуваме посета на ноќен клуб или ресторан во Скадарлија со богата музичка програма. Ноќевање.

16.03.2024 (Недела) БЕЛГРАД-НОВИ САД
Појадок. После појадокот (факултативно) тргнување за Нови Сад. Разглед на градот со стручен локален водич: Петроварадинската Тврдина, Стариот град, Музејот, црквата Св. Ѓорѓи, куќата на Милева и Алберт Ајнштајн. Слободно индивидуално време во центартот на градот.  Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во ноќните часови.

ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ од Делчево, Каменица, Виница, Кочани, Штип, Велес, Скопје и Куманово

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со туристички автобус на дадената релација
  • Организација и водство на патувањето
  • ГРАТИС – Разглед на Белград со локален водич
  • 1 ноќевање со појадок во хотел 3* во Белград
  • Посета на трговскиот центар „Ушче“

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Патничко осигурување 100 мкд
  • Посета на Нови Сад – 25 еур по лице

НАПОМЕНИ ЗА РАСПОРЕД НА СЕДЕЊЕ ВО АВТОБУС:

Со потпишување на договорот за патување, патникот го прифаќа местото во автобус кое ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го прави распоредот на седење, земајќи ги во предвид најпрво периодот на уплата, а исклучоци се прават за повозрасни патници и мали деца. Можност за избор на место во автобусот со доплата од 20 евра при уплата на аранжманот.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *