ВЕЛИГДЕН ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

ВЕЛИГДЕН ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

ТИВАТ–ДУБРОВНИК–ОСТРОШКИ МАНАСТИР–БУДВА

Термин 02.05.-05.05.2024

4дена / 2ноќи

1 ден  02.05.2024  (четврток)  Штип – Скопје -Херцег Нови

Поаѓање за Херцег Нови во 22.00 часот од Штип – паркингот пред Новата Пошта, 23:00 часот од Скопје пред хотел Вип. Ноќно патување преку Косово и Албанија  со попатни паузи за одмор и царински формалности.

2 ден  03.05.2024(петок) Тиват–Херцег Нови

Пристигнување во Тиват.Разглед на градот: католичката црква Св.Антун Падовански (заштитник на градот), црквата Св.Сава, плоштадот Култура, Летниковецот Буча (најголемата градба на Которскиот залив, изградена во 16.век и некогашна летна резиденција на благородната фамилија Буча), луксузниот комплекс “Порто Монтенегро” (единствена марина на Јадранот, за љубителите на водените спортови), Благодарение на благата клима, растенијата се совршено вкоренати и денес, а градината која зафаќа површина од 4 хектари е една од најголемите во јужниот дел на Јадранското Море. Поаѓање кон Херцег Нови, пристигнување и сместување во хотел. Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

3 ден  04.05.2024(сабота) Херцег Нови–Дубровник–Херцег Нови 

Појадок. Можност за факултативен излет до Дубровник. Прошетка низ стариот дел на градот Дубровник: Плаца, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Градскиот звонарник, црквата Св.Влах, Дубровачката катедрала… Враќање во Херцег Нови. Околу 22:00 часот се поаѓа према центарот, посета на црква каде се пречекува величествениот миг – ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ! Ноќевање.

4 ден  05.05.2024(недела) Херцег Нови–Будва–Острошки Манастир–Скопје/Штип  

Појадок. Одјавување од хотелот. Заминување кон Будва, слободно попладне за прошетка по кејот на познатата Словенска плажа, со посета на  стариот град, цитаделата, бројните кафулиња, ресторани, бутици и галерии… Заминување кон манастирот ,,св. Василиј Острошки”. Сместен во карпа, издигнат во голема карпa на 900 метри надморска височина е дом на големиот чудотворец Василиј Острошки, каде се чуваат и неговите мошти. Манастирот Василиј Острошки датира од 17 век и е сместен во карпест крај во Црна Гора, помеѓу Никшиќ и Подгорица. Овој манастир е меѓу најпосетуваните светилишта на Балканот, манастар каде се случуваат чуда. Овде доаѓаат посетите од сите религи и нации и се верува дека моштите на свети Василија Острошки се чудотворни. По посетата на Острог заминување кон Македонија преку Албанија и Косово.

Цена на аранжманот:   11.900,00 денари

Во цената на аранжманот е вклучено:

  •  Превоз со туристички автoбус на наведената релација
  • Сместување во хотел “Palmon Bay 4 **** Херцег Нови, 2 ноќевања со појадок
  • Користење на Спа Центар
  • Посета и разглед на Будва и манастир,,св. Василије Острошки”
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено :
•      Факултативна посета на Дубровник (25€)
•      Факултативна посета на Тиват и Порт Монтенегро(15€)
•      Пакет на факултативни посети на Дубровник , Тиват и Порт Монтенегро(30€)
•      Влезници за музеите и културно-историските споменици
•      Патничко здраствено осигурување.
•      Туристичка такса 1,5 € по лице на ден (се наплатува на рецепција)

За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници.


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *