Венеција – Велигден

Венеција едноставно плени сос своите разобојни палати, канали, безброј мостчиња, тесни улички, мали плоштади… Трагата на вековите што изминале е впиенa во секој нејзин дел.Посетете ја Дуждевата Палата и уверете се во моќта и сјајот на владетелите на Венеција. Мостот на Воздишките е врзан за многу легенди, но вистината за него е многу поинаква од првата љубовна асоцијација… Црквата Св.Марко и огромниот истоимен плоштад се срцето на Венеција, каде што се почнува и завршува, па и волшебниот Венециски Карневал..Дозволете си романтична прошетка со гондола низ живописните канали и невообичаен поглед на прекрасниот мост Rialto, кој ги поврзува шесте квартови на Венеција.Венеција, едноставно, мора да се доживее, а воодушевувањето гарантирано нема да изостане…

Термин: 02.05-05.05.2024

ПРОМО ЦЕНА!!! 139е/ 8620 денари за уплати до 15.04.2024

Редовна цена: 159e/9860 денари

ПРОГРАМА:

1ден (петок) 02.05.2024
Состанок на групата во попладневните часови од Кочани. Ноќно патување преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи и царински формалности.

2ден (сабота) 03.05.2024  Трст –Оutlet Noventa Di Piave – Лидо Ди Јесоло. Пристигнување во Трст во претпладневните часови.Продолжуваме со панорамски разглед на градот со посета на Понторосо, црквата Св. Спириндон, Римскиот театар, црквата Сан Антонио Нуово, плоштадот на Италијанското единство.Слободно време за индивидуални активности.Состанок со групата на претходно договореното место во пладневните часови и продолжување во еден од најпознатите шопинг центри во Европа – Палманова. Патување и сместување во хотелот. Ноќевање.

3ден (недела) 04.05.2024 Лидо Ди Јесоло – Верона – Падова.
Појадок. Слободно време за индивидуални активности или факултативен излет во Верона и Падова: градот на Ромео и Јулија, плоштадот Бра, Арена, плоштадите Ербе и Сињорија, палатата и гробницата на семејството Скалијери, куќите на Ромео и наЈулија. Враќање од Верона и посета на Падова проследено со туристички водич: плоштадот Пратодела Вале, базиликата Св. Антониа
Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.

4ден (понеделник) 05.05.2024 Лидо Ди Јесоло – Венеција – Кочани.
Појадок. Одјавување од хотелот.Слободно време во Лидо или факултативен излет во Венеција:  Слободно време за индивидуални активности.Состанок на групата во претходно договореното време со водичот и враќање во Лидо. Тргнување за Македонија во попладневните часови.Ноќно возење преку Словенија, Хрватска и Србија.

5ден (вторник) 06.05.2024 – Кочани.
Враќање во Кочани во раните утрински часови во зависност од задржувањето на границите и условите на патот.

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:

  • Превоз со високо-туристички автобус на наведената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел 3*
  • Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Организиран превоз од: Виница, Кочани, Штип, Велес и Скопје
  • Посета на Трст и шопинг центарот Палманова

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Патничко осигурување – 250 денари
  • Влезници за факултативните излети
  • Верона и Падова 40 евра
  • Венеција 20 евра
  • Пакет факултативи 50е

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:

Доплата за 1/1 соба 70% од цената на аранжманот

Нема намалување на цената за сопствен превоз
ПОПУСТ за деца: попуст се добива кога детето е придружувано од двајца возрасни лица. Сите лица

постари од 10 години се сметаат за возрасни лица. Дете од 02-10 години во 1/3 соба – 30 % попуст

НАПОМЕНИ:

  • За реализација на аранжманот потребен е минимум од 45 патници.
  • Цената на аражманот се плаќа исклучиво во денари во агенција по курс 1€ = 62,00мкд
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже во целост аранжманот на 7 дена пред поаѓање. За време на разгледите во програмата не се предвидени посети на внатрешноста на јавните згради, институции или културни споменици, освен ако тоа не е посебно нагласено во програмата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото за промена на програмата за патување во случај на непредвидени објективни причини, како на пр: застој на граница, застој во сообраќајот, затвореност на некој од локалитетите предвиден за посета и сл.
  • Патникот има обврска да се јави 24 часа пред поаѓање за да потврди време и место на поаѓање!
  • Пасошот треба да важи минимум 3 месеци од завршувањето на патувањето.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *