ВИЛА “НАМА“

SKALA POTAMIA – GOLDEN BEACH

ТАСОС Лето 2026

ВИЛА “НАМА“  50 МЕТРИ ОД ПЛАЖА

МОРЕ – ПЛАНИНА – БОРОВА ШУМА                        

Најсеверниот остров на грчкиот архипелаг.На оддалеченост од 400км. и 30 мин.возење со траект се пристигнува на островот Тасос.Зелен остров комбинација на море и планина со чисти песочни плажи и тиркизна сина боја на морето.Изобилува со борова шума и мирис на медовина,природни сенки и планински возвишенија.Ипсарион со 1.204мнв е планината која гордо извишена стои над плажата Скала Потамиа и Голден биџ.Во должина од 3км.се простира плажата на Скала Потамиа и Голден Бич споени во една плажа , означени со плаво знаменце за чистота и квалитет.Кога сонцето ќе го достигне зенитот на својот одсјај , плажата асоцира на злато.
ВилаНАМА“ лоцирана во Скала Потамиа  на оддалеченост околу 50 тина метри од плажата Голден биџ.Извонредна местоположба на вилата која излегува на една од најубавите плажи на островот.На само неколку метри од вилата има супермаркети,ресторани,таверни …..                                                                                            

КОРИСТЕЊЕТО НА: ПАРКИНГ, КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI   Е БЕСПЛАТНО

               ЦЕНОВНИК ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌИ

ПЕРИОДMAJЈ У Н ИЈ У Л И                                             АВГУСТСЕПТЕМВРИ
2905121926031017243107142128041118
НОЌЕВАЊА  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7  7
АПАРТМАН
1/2+1/2
Апп.бр.1,2,3

179

219

329

379

469

529

569

649

649

649

649

629

569

449

379

279

129

НАПОМЕНИ:
– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна  доплата на аранжманот е дваесет и еден ден  (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените  ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ  НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во АПАРТМАНИТЕ, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).


АПАРТМАНИТЕ:
Имаат крпи ;
Имаат тоалетна хартија и сапун

ЧИСТЕЊЕ 2 ПАТИ ЗА ПРЕСТОЈ ОД 7 ДЕНА

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ:                                                                 ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА :
65 € за возрасни – повратна карта;                                                20€ за возрасни – повратна карта
50 € за деца до 12 години – повратна карта;                                15 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
50 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

Опис на апартманите  во Вила „НАМА“
Вилата НАМА е лоцирана во местото Скала Потамиа на само 50 тина метри од плажа.Излегува на познатата плажа Голден бич или златна плажа која е воедно најголемата плажа на островот.Има обезбедено паркинг простор за секој апартман.Во непосредна близина на вилата имате супермаркети,многу таверни ,сувенирници ……..
Вилата располага со четирикреветни апартмани убаво опремени и чисти ……

Први кат
АПАРТМАН  БР.1  (1/2) + (1/2)

Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од оваа просторија се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

АПАРТМАН БР.2  (1/2) + (1/2)

Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред.Од кујната се излегува на тераса со поглед во убав двор полн со зеленило.Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.И од спалната соба се излегува на тераса со поглед во убав двор со зеленило. Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

АПАРТМАН БР.3  (1/2) + (1/2)
Апартманот се наоѓа на први кат и располага со две простории.Во првата просторија е кујната која е комплетно опремена со кујнски инвентар,мал фрижидер,шпорет со две рингли ,аспиратор,микробранова печка,чајник и има кревет на извлекување наменет за спиење на 2 лица.Овде има плакар за алишта и клима уред..Втората просторија е спланата соба во која има еден дупли кревет комотен за спиење на две лица, тв и сеф за лични работи.Од спалната се излегува на тераса со поглед во двор полн со зеленилo и поглед према море во далечина.Апартманот располага со стандардно купатило и WC со фен за коса.

ДЕНОВИТЕ ДАДЕНИ ВО ТАБЕЛАТА СЕ ДЕНОВИ НА ПОАЃАЊЕ ОД
ГрадМесто на тргнувањеВреме
КумановоБензинска пумпа Макпетрол00:15 часот наутро
СкопјеСпортска сала Борис Трајковски01:00 часот наутро
ВелесМотел Македонија бенз.Мак.Оил01:45 часот наутро
КочаниОсновен Суд00:15 часот наутро
ШтипНова Пошта01:00 часот наутро
НеготиноБензинска пумпа Макпетрол02:15 часот наутро
ГевгелијаБензинска пумпа Окта-Шимов03:00 часот наутро
ДОПЛАТА ЗА ТРАНСФЕР – 25 € ПО ЛИЦЕ – ОД ПРИЛЕП И БИТОЛА
ПрилепБензинска пумпа Лукоил00:45 часот наутро
БитолаСпортска сала00:00 часот наутро

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *