Вила „Порто Фино“

Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани  студија за 3 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден  единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.

Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии (максимум капацитет 3+1дете до неполни 6год кое спие со родители) 
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.

Климата е со доплата 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст, доколку нема актуелен попуст

Првите три и последните два термина се промо цени и на нив не следува никаков попуст

  • -Специјалната понуда важи за ограничен број на соби во претпродажба, организаторот може да ја повлече понудата во секое време без претходна најава. 
  • -Цените се однесуваат на наем на студио за 7 ноќевања (без превоз).
  • -Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1EUR=62MKD).

-15% FIRST MINUTE ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 30.01.2023, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 04.02.2023

-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ ДО 28.02.2023, СО ЦЕЛОСНА УПЛАТА ДО 04.03.2023

 Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:

  • -Скопје (Дрводекор) – 60€ по лице 
  • -Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -70€ по лице
  • -Велес (бензинска пумпа, Макпетрол кружен тек) -60€ по лице

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:

  • -Битола (спортска сала)-55€ по лице
  • -Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -55€
  • -Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -60€ по лице
  • -Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -65€ по лице
  • -Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -60€ по лице

– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )

Време на поаѓање за Лефкада:

  • -01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
  • -01:45 h Велес (бензинска пумпа, Makpetrol кружен тек) трансфер до Битола
  • -12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
  • -02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
  • -03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
    -04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон)
  • -03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
  • -02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
  • -02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
  • -02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *