Еден од најубавите острови на Медитеранот, кој ќе ве засени со преубавите плажи, историјата, зајдисонцата…
Ексклузивно, 4 термини, со директен лет од Скопје со сигурна реализација
| ТЕРМИН | 1/2 соба | 1/3 соба |
| 03.07.2026-10.07.2026 | 599 евра по лице HB | 599 евра по лице HB |
| 27.07.2026 – 03.08.2026 | 699 евра по лице HB | 699 евра по лице HB |
| 17.08.2026 – 24.08.2026 | 699 евра по лице HB | 699 евра по лице HB |
Што е вклучено во цената
- 7 полупансиони во Аја Напа
- Директен лет на релација Скопје–Ларнака -Скопје
- Аеродромски такси
- Мала кабинска торба со димензии 40x30x20cm; (дозволено едно парче багаж)
- Организирани трансфери: аеродром Ларнака – хотел – аеродром Ларнака
Што не е вклучено во цената
- Доплата за кабински и чекиран багаж (информации во агенција)
- Влезници за локалитети (музеј, замоци и слично)
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
План и програма
Прв ден
Состанок на патниците на аеродромот Скопје во договореното време. Два часа пред полетувањето на авионот. Внимавајте на вашиот авионски багаж да ги задоволува потребните димензии и килажа. По пристигнувањето во Ларнака, организиран трансфер до хотелот и сместување.
Втор – седми ден
Овие денови се предвидени за уживање на островот, за плажа, за прошетки, и секако, препорачуваме да посетите некој од факултативните излети до Никозија, Аја Напа, и секако, крстарење.
Осми ден
По напуштањето на собите, во договорено време трансфер до Аеродромот. Пристигнување во Скопје
Хотел 3*
03.07.2026-10.07.2026 – Pierre Anne Beach Hotel Ayia Napa
27.07.2026-03.08.2026 – Хотел 3*
17.08.2026-24.08.2026 – Хотел 3*
Важно
Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена
Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци

ПРАВО НА ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО НА ОТКАЗ
Организаторот на патувањето може да го откаже патувањето во целост или делумно, во случај на настапување на вонредни околности кои не можеле да се предвидат, избегнат или отклонат, а кои би биле доволна причина за откажување на патувањето. Доколку патувањето се прекинува од вакви причини, организаторот има право на надокнада за услугите кои ги пружил.
Организаторот е овластен да го откаже патувањето во случај на недоволен број на пријавени патници, во склад со одредбите на патувањето, за што е должен да ги извести патниците благовремено, а најдоцна 5 дена пред планираното патување, со обврска да изврши повраток на средствата во целост без одлагање, а најдоцна 3 дена од денот на отказот.
ОТКАЖУВАЊЕ ОД ПАТУВАЊЕТО ОД СТРАНА НА ПАТНИКОТ
Патникот има право на отказ од патувањето, за што е должен писмено да го извести организаторот. Датумот на писмениот отказ претставува основа за пресметување на надокнадата која ја задржува организаторот, изразена процентуално во однос на вкупната цена на патувањето.
- 30% од цената на чинење за отказ 30 дена пред патувањето.
- 40% од цената на чинење за отказ 29-15 дена пред патувањето.
- 70% од цената на чинење за отказ 14-8 дена пред патувањето.
- 90% од цената на чинење за отказ 7-1 ден пред патувањето.
- 100% од цената на чинење за отказ на денот на патувањето.

Leave a Reply