Хотел Марин Принцес 5*

На само еден час возење од Истанбул, во Општината Бујукчекмеџе се наоѓа Кумбургаз, едно од најпознатите летувалишта во Истанбул. Кумбургаз се наоѓа на европската страна на Истанбул, на брегот на мраморното море, и се протега на површина од 1892 хектари, и има крајбрежје долго 8 километри.

Кумбургаз е место каде што можете да најдете буквално се што е потребно за добар одмор и релаксација. Може да сретнете хотели со 3, 4 и 5*, ресторани и кафетерии на самото крајбрежје и да уживате во прекрасниот поглед на морето.

Местото Кумбургаз се наоѓа на обалата на Мраморното море и на само 45км од еден од најубавите градови на светот, Истанбул. Местото е идеално за одмор, релаксација благодарение на одличните хотели со врвна услуга, но пред се и песочните плажи долги 8км, бесплатните лежалки и се разбира МОРЕТО!  Најдобриот хотел на сама плажа, MARIN PRINCESS.

ПО ПОТРЕБА ОРГАНИЗАТОРОТ МОЖЕ ДА ЈА ПРОМЕНИ ПРОГРАМАТА И ВРЕМЕТО НА ВРАЌАЊЕ!!!

План и програма

ПРВ ДЕН– Собирање на групата на паркингот на Вип Хотел во понеделник во 19 00 часот.  Ноќно возење со попатни паузи, царински формалност, презентација на програма и информации околу тоа што ќе ги очекува патниците во наредните  денови. Агенцијата ги контактира патниците на два дена пред поаѓање. Седиштата во автобус се нумерирани. Со самото потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција. Цените се истакнати најдоле на програмата. Сместувањето е во хотел MARIN PRINCES кој има своја приватна плажа.Пристигнувањето на групата во Кумбургаз е предвидено во раните утрински часови во зависност од гужвата на граничните премини и задржување поради царинските формалности. По самото пристигнување во хотелот патниците ги оставаат куферите во лоби на хотел и добиваат информации за своите соби (како: Број на соба, време на check in), а добиваат слободно време за одмор во лоби на хотел каде може да ги користат тоалетите, соблекувалната и бежичниот интернет.

Check in: 16:00 часот (локално време)

Check out: 09:00 часот (локално време)

СЛОБОДНО ВРЕМЕ ВО ОСТАТОКОТ ОД ДЕНОТ.

Групата има слободно време за уживање покрај море и истражување на околината на Кумбургаз .

Ноќевање.

ПРВ ДО СЕДМИ ДЕН-Секој ден ззапочнува со појадок во хотел. Еден ден е предвиден за посета на Истанбул а тоа е третиот или четвртиот ден од програмата.За точниот ден кога се оди во Истанбул, групата добива програма во автобусот кога се оди кон Кумбургаз.

Во Истанбул се посетува следното:По појадокот, групата заминува на Крстарење по Босфор

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР.-Вториот ден започнува со крстарење по Босфор и разглед на Истанбул со локален водич. 90 минутно крстарење, незаборавно доживување, еден поинаков Истанбул, сите луксузни вили кои вредат милиони, знаменитостите одблизу и познатите вили од играните серии. На самото пристаниште, има мали дрвени масички и столчиња крај кои можете да седнете и уживате крај морето и да испиете прекрасно турско кафе.

УСКУДАР-Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девината кула е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме  босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

EMAAR SQUERE MALL-. Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во склоп на самиот трговски центар се наоѓа и аквариум кој е еден од повеќето гигантски аквариуми во Турција. Вo аквариумот може да се видат тигар ајкулите како и над 10.000 други видови на морски суштества, вклучувајќи ги и тропски загрозените.

Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи.Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!По завршувањето на овие посети, групата се враќа во хотел, ноќевање.

ОСМИ ДЕН-Собите се напуштаат до 10:00ч по локално време, заминување кон Македонија во попладневните часови. Куферите се остават во лоби или во просторија одредена за оставање на багаж. Слободно време до часот на поаѓање. Поаѓање кон Македонија. Пристигнување во раните утрински часови.

Сместување-Хотел Марин Принцес 5*- e  паметен избор за патници во Истанбул, кој нуди опуштен и мирен престој.Располага со двокреветни и трокреветни соби. Има три базени, од кои два на отворено и еден затворен. Располага со турска бања, сауна, масажа, џакузи, и фитнес сала.Собите во хотелот Kumburgaz Marin Princess имаат сателитска ТВ и работна маса. Некои соби имаат топла када и пространа седење.Хотелот служи голем појадок кој е вклучен  во цената. Гостите можат да се релаксираат веднаш до надворешниот базен, кој има тобогани.

Што е вклучено во цената

  • Седум ноќевања во хотел Маrin Princess 5* во населбата Кумбургаз со вклучен појадок
  • Автобуски превоз
  • Туристички придружник за време на целиот престој
  • Лежалки и пешкири на плажа и базен
  • Користење на 2 базени со солена вода
  • Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола

Што не е вклучено во цената

  • Патничко осигурување (1 евро од ден)
  • Доплата за сингл соба е 50% од редовната сума на аранжманот
  • Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
  • Факултативни излети.
  • Туристицка такса 3,50е по лице за 7 ноќевања

Напомени:
o Хотелот е на барање. За ова понуда не се користат вредносните ваучери за откажаните аранжмани.
o Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а немапотврдаодуплатаво (канцелраија, ж-скаилиоnline), резервацијатасесметазаоткажана.
o Сместувањето во хотелот го одредува самио менаџмент. Ескејп Травел не гарантира за соба на приземје, кат како и за соба со поглед на море, улица или блок во хотелот.
o За влез во република Турција, потребно е патните исправи да се минимум 6 месец пред истекување
o За резервација е потребно мин. 30% уплата од вкупната сума, остатокот се доплаќа на мин. 7 дена пред поаѓање
o Цените се изразени во евра, а курсот на еврото се пресметува 62 денари
o За сингл соба се доплаќа 50% дополнително од аранжманот поради вториот кревет
o Деца од 0 – 3 години бесплатно (спијат во кревет со родител)
o Деца од 3 до 12 години плаќаат 50% од износот на аранжманот доколку се придружувани со двајца возрасни
o Хотелот одредува на лице место во зависност од моменталната состојба каков тип на соба ќе добиете. Резервации за одреден кат или страна не е можна.
o Селекција на седиште во автобус! Според правилата на агенцијата, патниците се сместуваат според временската линија на уплати. Доколку имате барање за седиште, истото се доплаќа 15 евра за во два правци.
o Патувањето ќе се одвива според протоколите за безбедноста на здравјето.
o Патувањето ќе се реализира преку Република Бугарија (дозволен транзит) до Турција
o Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола и Струга
• Превоз од: Скопје, Велес, Кавадарци(дреново), Прилеп, Битола.
• Промо цените важат исклучиво со целосна уплата
• За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
• За споен термин се сметат две суми од промо цените.
• За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
• Во случај за уплата на сингл соба по промо цена цена, се доплаќа + 50% од редовната цена.
• Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
• За споен термин се добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени(ова не важи за промо цените ).
• Полињата кои се со црвено значат колку студиа се зафатени.
• Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
• Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во автобус)
• Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз и појадок од Скопје до Кумбургаз и назад.
• Цените се израсени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
• Во собите е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
• Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 3 години во кревет со двајца возрасни
• При генерално чистење на секоја смена, собата се напушта во 09:00ч по локално време.
• Собата која се користи за време на одморот откако ќе се напушти, не се користи повторно од причини што се чисти за наредната смена.
• Хигиената во собата за време на престојот ја одржуват самите гости
• Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а Ескејп травел како агенција нема било каква одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
• Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби.
• Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
• Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
• Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
• Доколку сакате да уплатите Online: Задолжително направете предрезервација на 071227847 или пишете ни во порака на нашата фејсбук страница. Бидејќи можно е во системот да се внесуваат повеќе резервации истовремено.

Факултативни излети
ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)
КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР-Ова крстарење преставува час и половина уживање на каналот кој ги спојува Црното и Мраморното Море, а ги дели Европа и Азија. Поминуваме под двата моста кои ги спојуваат Европа и Азија, под мостовите Босфор и Фатих Султан Мехмет мостот. Она што е особен интересно е што ќе имаме прилика одблизу да ги видиме луксузните вили на најбогатите луѓе кои вредат милиони, а ќе видиме и некои од куќите каде се снимани познатите турски серии. Прекрсано крстарење кое ќе ви остане во сеќавање, а нашиот водич ќе ви раскаже буквално се и така ќе го доживеете Босфорот на вистински начин.

ДЕВОЈАЧКА КУЛА (Kiz Kulesi).-Девојачката Кула истотака позната како Кулата на Леандрос, која потекнува од средновековниот византиски период. Женската кула е стационирана на мало островче кое се наоѓа на јужниот влез на Босфорскиот теснец од Ускудар. Внатрешноста на кулата е претворена во место за кафе и ресторан, со поглед на поранешната римска, византиска и османлиска престолнина. Ќе имате можност да го видите брегот на Истанбул од еден различен аспект и да ги слушнете митовите и легендите за изградбата и локацијата на кулата.

УСКУДАР-Ускудар е место на азиската страна на Истанбул и е една од најважните турски населби во Истанбул, која била сведок на голема развојна активност за време на османлискиот период. Девинатс кулата е едно од најважните места на Ускудар. За оваа кула постојат повеќе легенди кои ќе имаме прилика да ги слушнеме од нашите водичи а воедно и да ја посетиме самата кула. На Ускудар ќе ги сретнеме традиционалните отворени кафетерии каде ќе може да го вкусите кафето ,чајот и познатата алва во боја, ќе имаме прилика да седнеме на турските килими и да го гледаме босфорот, едноставно ќе се чуствувате исто како на филм.

НОЌЕН ИСТАНБУЛ: Посета на Emaar Square Mall, Watergarden
Emaar Square Mall е нова атракција во Истанбул која се наоѓа во азискиот дел на градот и преставува една од најатрактивните места кои треба да се посетат. Овој трговски ценар е наменет за луѓето заљубени во шопингот, забавата и гастрономијата. Ова место нуди извонредно искуство за своите посетители од целиот свет. Emaar Square Mall е домаќин на луксузни брендови и продавници коишто не се достапни насекаде низ Турција. Патниците може да го искористат времето за шопинг, јадење, пиење до видео игри. Овој трговски центар годишно во просек го посетуваат 25 милиони гости. Во овој трговски центар се наоѓа аквариум кој може дополнително да се доплати и посети.
Покрај Emaar Square, групата го посетува и Watergarden. Ова дестинација е на нашата листа, бидејќи нуди посебно доживување, особено кога ќе го посетиме, а тоа е навечер. Огромните фонтани, обоени од многуте светла, го прават овој трговски центар посебен. Овој трговски ценар го става Истанбул рамо до рамо со Дубаи. Во овој трговски патниците имаат можност да посетат еден од преубавите аквариуми. „EMMAR AQUARIUM AND UNDERWATER ZOO“. Сосема ново аквариумско искуство ги чека своите посетители во Аквариумот Емаар и Подводната зоолошка градина. Аквариумот и подводната зоолошка градина, составена од 7 различни тематски делови, имено Главниот резервоар што вклучува Аквариум Тунел, како и Роки Брегови, еле риба галерија, шуми, реки и водопади, остров Пингвин и Кралство крокодил, живеат повеќе од 20,000 морски плодови животни и водоземци од 200 видови. Илјадници видови ајкули кои живеат во плитки води до гигантски пајаци ракови кои живеат во длабоки и ладни води на морињата.
Турата завршува со посета на плоштадот „Таксим“. Главниот центар на градот, на кој се одржуваат главните митинзи и прослави! Покрај „Таксим“ поминува познатата Истикал улица на која се движи познатиот трамвај! На Истикал се наоѓаат познатите дискотеки и кафулиња, а ова значи дека групата има идеална можност за излегување во некоја од локалните дискотеки!
•ВИП ПАКЕТ (Крстарење по Босфор, Женска кула, Ускудар, Emaar Squere Mall, Watergarden, и Таксим Плоштад)
65€ -Овие екскурзии се купуваат исклучиво како пакет по цена од 65 евра.


Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *