8-МИ МАРТ (ТЕМИШВАР И СИБИУ) 01.03-03.03 или 08.03-10.03

За патувањето

Кога доаѓа време за патување, сигурно сме дека поголем дел од вас имаат посетено доста градови на Балканот, Европа па и Светот и секогаш кога доаѓа време за патување или продолжен викенд, прашањето е каде патуваме сега?


Веќе 9 години сме организатори на аранжмани во Романија (Букурешт, Синаија, Пелеш, Брашов итн..) а сега ги посетуваме Темишвар, Корвин Замокот, Сибиу и Арад. Првата тура ја реализиравме за 8-ми Декември, а по барање на патници ја организираме и за денот на жената, 8-ми Март.
Темишвар е трет по големина град во Романија и во оваа година (2023-та) е прогласен за град на културата во Европа под мотото ,,Нека блесне вашата светлинa” заедно со градовите Весперм во Унгарија и Елфсина во Грција. Тоа е градот Tемишвар (Тimisoara). Архитектонската разновидност, претставена со барок, историцизам, неокласицизам, Арт Нову и Сецесија на Винер, на Темишвар го доби прекарот „Мала Виена“.


За време на оваа тура се посетува и замокот Корвин (Corvin Castle) познат и како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 година и била одбранбена тврдина против Отоманската империја. Интересен факт е дека Влад ||| познат под името ,,ДРАКУЛА’’ бил во затвор во овој замок. Инаку, замокот на Дракула во Бран го посетуваме на турата која ја организираме за Букурешт и Трансилванија.


Bториот град што се посетува е градот Сибиу кој се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”.


На оваа екскурзија се посетува и градот Арад, еден од херојските градови и втор град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година.
Во продолжение програмата.

ИЗБЕРЕТЕ СИ ЕДЕН ОД ПОНУДЕНИТЕ ТЕРМИНИ ЗА 08 МАРТ ВО ТЕМИШВАР

01.03-03.03 ИЛИ 08.03-10.03.2024

Цена на аранжманот до 15.02.2024/ 119 евра
Цена на аранжманот до 25.02.2024/ 129 евра
Редовна цена на аранжманот 139 евра

Што е вклучено:
  • Aвтобуски превоз
  • 2 ноќевања во хотел со 3* со појадок во Teмишвар
  • Разглед на Темишвар со локален водич
  • Туристички придружник од агенција
Не е вклучено:
  • Пакет (Посета на замокот Корвин со вклучена влезница и посетa на Сибиу)- 60€
  • Посета на градот Арад и разглед со локален водич- 20 евра од лице
  • Еxclusive пакет: 70€ од лице (сите екскурзии)- 15 евра попуст
  • Ноќна посета на Темишвар- 5€
  • 3€ Туристичка такса од лице- задолжителна доплата во автобус
  • За екскурзиите уплатата е во автобус. Патникот при уплата на аранжман задолжително се изјаснува на кои екскурзии ќе присуствува.

Програма

29.02.2024 ИЛИ 07.03.2024 (ЧЕТВРОК) ХОТЕЛ РУСИЈА

Состанок на група кај хотел Русија во 23:00ч. Имаме организирани поаѓање од Кочани,Штип,Велес и Куманово. Патување преку граничниот премин Табановце. Ноќно возење низ Србија.

01.03.2024 ИЛИ 08.03.2024 (ПЕТОК) ТЕМИШВАР

Присигнување во утринските часови во Темишвар. Следува разглед на градот со локален водич. Се посетуваат: Плоштад Победа со карактеристичен молдавски стил, Опера Романа, Плоштад на ослобдување, Плоштад на обединување, Српска православна црква, барокна палата – поранешно седиште на српска Војводина, Римокатоличка катедрала,… Слободно време за индивидуални активности. Сместување во хотел. Време за одомор. Ноќна посета на градот со посета на некој паб.. Враќање во хотел. Ноќевање

02.03-.2024 ИЛИ 09.03.2024 (САБОТА) ТЕМИШВАР-ЗАМОКОТ КОРВИН И ГРАДОТ СИБИУ

Појадок во хотел. Заминување на целодневна екскурзија. Првото застанување е во замокот Корвин или познат како замокот Хуњади кој е еден од најубавите замоци во Романија и еден од најголемите во Европа, изграден 1440 год. Оваа готска тврдина од 15 век има доволно страшни карактеристики за да му се спротивстави на замокот Бран (замокот на Дракула во Бран. Поглед на надворешноста на непробојните ѕидови, колосалниот подвижен мост и безброј правоаголни и кружни кули кои некогаш служеле како стражарници и домување за затворениците. Внатре, ќе ја посетите огромната зандана и комората за мачење, како и остатоците од Јамата за мечки, каде што, според легендата, затворениците биле фрлани на мечките. Посетата на замокот е со локален водич. Заминување кон Сибиу. Сибиу се наоѓа во срцето на Трансилванија а покрај неговото историско наследство со германското културно влијание, градот е препознатлив по очите на покривите на куќите, т.е прозорци кои даваат ефект дека некој ве гледа. Очите, кои се симбол и туристичка атракција на градот, го носат прекарот на градот или “Градот со очи”. Градбите и зградите го одразуваат унгарско-германското влијание, а многу од нив имаат заедничка карактеристика на нивните покриви бидејќи имаат мали прозорци што личат на очи. Мештаните тврдат дека германските окупатори во регионите намерно граделе очи за да влеват страв. Интересен факт е дека очите на Сибиу во 2017-та година станаа симбол и своевидна лого демонстрација против корупцијата во владата. Имајќи предвид дека овој град е една од културните метрополи во земјата и развиените градови, демонстрантите рекоа дека ќе создадат ,, зона без корупција’’ со очите на Сибиу како симбол на нивната постојана будност. Во Сибиу групата ќе има слободно време за истражување на градот. Враќање во хотел. Ноќевање

03.03.2024 ИЛИ 10.03.2024 (НЕДЕЛА) AРАД-СКОПЈЕ

Појадок во хотел. Заминување кон Арад. Станува збор за град во Западна Романија со 165.000 жители и за прв пат се споменува во единаесеттиот век а бил важен центар на балканските настани. Ова е место каде што речиси сите народи што живеат на овие простори се сретнале и се судриле. Арад е еден од херојските градови, бидејќи e вториот град каде започнала познатата романска револуција од 1989 година. Интересен факт е дека во овој град живееле Срби и во Арад е роден познатиот филантроп Сава Текелија, но и првиот Србин кој станал доктор по медицина, Јован Стејиќ. Центарот на градот има добро зачувано јадро, во кое доминира интересна архитектура, плоштади и паркови. Еден од најдобрите српски архитекти Милан Табаковиќ е одговорен за проектите на многу знаменитости во Арад. Денес може да се видат бројни знаменитости што го прават овој град атрактивна дестинација за посета. Разглед на градот со локален водич. По разгледот слободно време за индивидуални активности. Враќање во Темишвар и продолжување кон Македонија. Пристигнување вечерните часови во Македонија.

НАПОМЕНИ:

  • Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најмногу 5 дена пред тргнување.
  •  За реализација на патувањето потребно е минимум од 45 патници.
  • Целосна доплата на аранжманот мора да се изврши најдоцна 10 дена пред тргнување.
  • Во случај на отказ на еден од патниците, за сместување нема поврат на средства
  • Агенцијата го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Агенцијата го задржува правото на промена на хотел/апартман во случај на технички причини или Overbooking, организаторот ќе го смести патникот според можностите во даден момент во објект од иста категорија или од повисока категорија без надомест
  • Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите и за истите не следува рефундација.

Коментари

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *